Е.Пелистер денес на мегдан против полскиот Вибжеже
Објавено на:
Е.Пелистер денес на мегдан против полскиот Вибжеже
Македонскиот ракометен клуб Е.Пелистер го очекува нов предизвик во Европската лига на ЕХФ . Битолчани гостуваат кај Вибжеже во Гдањск во натпревар од второто коло. Македонскиот тим го одработи тренингот во „Ерго Арена“ и се запознаа со условите во салата. Атмосферата во тимот е позитивна, а целта е добра подготовка да се претвори во позитивен резултат. Вибжеже во првото коло славеше на гостувањето кај Гумерсбах , па Пелистер го очекува тежок натпревар. Мечот се игра денес од 18,45 минути.