Усвоени новите правила за боледувања: Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите
Објавено на:
Усвоени новите правила за боледувања: Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите
Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, на денешното продолжение на 33. седница, едногласно ги усвои измените на Правилникот со кој се уредуваат критериумите за утврдување на привремена спреченост за работа. Со измените не се скратува правото на боледување, ниту се ограничува неговото времетраење кога за тоа постои медицинска потреба. Матичниот лекар и понатаму останува надлежен да ја утврдува привремената спреченост за работа до 15 дена, а за период подолг од 15 дена одлучува…