УТРЕ Е СВ. НЕДЕЛА: Маченицата е родена во недела, поради што го добила името, таа е патрон на повеќе цркви во Македонија
Објавено на:
УТРЕ Е СВ. НЕДЕЛА: Маченицата е родена во недела, поради што го добила името, таа е патрон на повеќе цркви во Македонија
Светата маченица Недела е родена во Мала Азија, во местото Никодимија, престолнината на римскиот император Диоклецијан, големиот прогонувач на христијаните. Родена е во недела, поради што добила и такво име (на грчки недела се вика кириакија). Ќерка е на Доротеј и Евсевија кои долго немале деца и Недела ја добиле по долги и искрени молитви. Била воспитувана во христијански дух, поради што уште од детството била посветена на Бога. Подоцна пораснала во убава девојка што ја сакале многу момчиња.…