Скопјанец приведен откако со мотоцикл удрил во полициски службеник
Објавено на:
Скопјанец приведен откако со мотоцикл удрил во полициски службеник
На 05.10.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 13:40 часот не застанал со мотоцикл на даден знак за запирање и со мотоциклот удрил во полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.