РК Прилеп доби казна од 100.000 денари
Објавено на:
РК Прилеп доби казна од 100.000 денари
Ракометниот клуб Прилеп е казнет со 100.000 денари од Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија. Причината е неверојатно едноставна – натпреварот против Струга не бил целосно снимен. Во официјалната видео-снимка недостасувале последните седум секунди од натпреварот. Според членот 21 од Дисциплинскиот правилник на РФМ, нецелосниот видео запис претставува прекршок за кој е предвидена парична казна од 100.000 денари.