Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
Објавено на:
Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
Родителите на судијата Ѓоко Ристов тврдат дека соѕиданите 350 илјади евра се нивни пари. Двајцата денеска беа во судница по барање на одбраната на Ристов. Кажаа дека парите кои ги пронашла полицијата се заштеда од продажба на бостан, пиперки и дињи кои ги продавале дури и на пазарот во Горни Милановац. Мајката Донка ја направила дупката во ѕидот и само таа, како што рече, паричињата ги ставала таму. Прво биле марки, потоа евра, а кога снемувало простор, купувале апоени од 200 и 500 евра.…