На кеј во Скопје „оперира“ женско-машка разбојничка двојка
Објавено на:
На кеј во Скопје „оперира“ женско-машка разбојничка двојка
На кејот на Вардар во Скопје вчеравечер помлад скопјанец бил ограбен од жена, која му одзела пари, а потоа маж кој бил со неа му се заканил со нож на ограбениот. Случајот го пријавил И.М.(25) од Скопје, а СВР Скопје вели дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.