Иранците признаа: Инфлацијата ни предизвика големи проблеми
Објавено на:
Иранците признаа: Инфлацијата ни предизвика големи проблеми
Иранскиот министер за финансии, Сајед Али Маданизаде, денеска изјави дека зголемената инфлација и зголемувањето на цените во таа земја предизвикале сериозни тешкотии за населението. Тој, исто така, призна дека падот на куповната моќ извршил голем притисок врз граѓаните. „Ги преземаме мерките што се во наша моќ и се надевам дека тие ќе дадат позитивни резултати“, рече тој, објави Ал Џезира. Иранскиот ријал доживеа многу голем пад. Инфлацијата во земјата со месеци е висока. foto Gemini