Меџити: 50 ученици од Чаир ќе посетуваат бесплатни курсеви од областа на науката и личниот развој
Објавено на:
Меџити: 50 ученици од Чаир ќе посетуваат бесплатни курсеви од областа на науката и личниот развој
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше за потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Општина Чаир и Центарот SkyLab, преку кој 50 ученици од општинските основни училишта ќе добијат можност за бесплатно учество во едукативни програми, насочени кон науката, развојот на личните способности и поттикнувањето на нивниот потенцијал. Во рамки на оваа соработка, учениците ќе имаат можност да ги посетуваат курсевите SKYLAB НАУКА и SKYMIND, каде што преку практични експерименти и…