ОБИЛНИ ВРНЕЖИ, ЛОКАЛНИ ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа циклонот од Џенова
Објавено на:
ОБИЛНИ ВРНЕЖИ, ЛОКАЛНИ ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа циклонот од Џенова
На ден петок (9 октомври) како и за време на викендот (сабота и недела 10/11 октомври) територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова и на влажни воздушни бранови. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, особено во западните предели каде локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд), објави Славчо Попоски. „ Локално пак ќе има услови за развој на…