ДЕНЕСКА Е СВ. МАЧЕНИК КАЛИСТРАТ: Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето, Христовата вера ја наследи од татко му и дедо му
Објавено на:
ДЕНЕСКА Е СВ. МАЧЕНИК КАЛИСТРАТ: Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето, Христовата вера ја наследи од татко му и дедо му
Денеска е 27 септември по стар стил и се слави Св. маченик Калистрат. Калистрат е родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Понтиј Пилат во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така, со…