Денес дожд и грмежи, од понеделник заладување, а во вторник снег на планините
Објавено на:
Денес дожд и грмежи, од понеделник заладување, а во вторник снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.…