Владата ќе организира свечена академија „Идеали што градат иднина“ по повод 11 Октомври
Објавено на:
Владата ќе организира свечена академија „Идеали што градат иднина“ по повод 11 Октомври
Утре 11.10.2026 година (недела) со почеток во 12:00 часот по повод одбележување на 85-годишнината од народното востание и празникот 11 Октомври – Денот на народното востание ќе се одржи Свечена академија на Спомен костурницата во Куманово под слоганот „Идеали што градат иднина”. На свечената академија ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, инфомираат од владината прес служба