Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
Објавено на:
Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
Со цел да се намали ризикот од нови пожари, Општина Струмица започна со затрупување и засипување со земја на регионалната депонија „Шапкар“. Досега е саниран северниот дел, односно околу половина од депонијата, а активностите ќе продолжат и во наредниот период. Намерата е на целата депонија да се постави земјен слој од околу половина метар со кој ќе се покрие досегашниот наталожен отпад. Според градоначалникот Петар Јанков, со ова делумно ќе се реши и долгогодишниот проблем со пожарите на…