74-годишна жена нападната од синот во домот во Аеродром
Објавено на:
74-годишна жена нападната од синот во домот во Аеродром
Седумдесет и четиригодишна жена пријавила дека била физички нападната од својот син во домот на подрачјето на скопската општина Аеродром. Според пријавата, нападот се случил на 7 октомври, а жената го пријавила во СВР Скопје на 9 октомври во 15 часот. Како напаѓач го посочила својот син Р.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Текстот 74-годишна жена нападната од синот во домот во Аеродром е превземен од МАКФАКС .