„Боинг“ и „Ербас“ добија нарачка за 250 нови авиони
Објавено на:
„Боинг“ и „Ербас“ добија нарачка за 250 нови авиони
Ирската компанија „Аволон“, една од најголемите светски компании за изнајмување авиони, постигна договор за набавка на 250 нови авиони од американскиот „Боинг“ и европскиот „Ербас“, со можност дополнително да купи уште 100 летала. Според договорот објавен во петокот, компанијата планира да набави 140 авиони „Боинг 737 МАКС“ и 110 авиони од „Ербас“, од кои 75 од моделот А320нео и 35 од поголемиот модел А330нео, наменет за долги летови. Ова е најголемата поединечна нарачка што „Аволон“ досега ја…