ГРК Охрид во дербито подобар од Алкалоид, Вардар рутинирано против Струга
Објавено на:
ГРК Охрид во дербито подобар од Алкалоид, Вардар рутинирано против Струга
Пресметката на двата тима кои имаат пехари во ЕХФ Европскиот куп заврши во корист на ГРК Охрид, кој славеше против Алкалоид со 26-24 во дербито на шестото коло. Славиќ имаше 10 одбрани, Мате запиша шест гола кај победникот. На другата страна Никола Костески беше стрелец на шест гола, пет имаше Дамјан Митев. Вардар остана единствениот тим во Супер-лигата кој има максимален скор – шест од шест. Овој пат славеше против Струга на гости со 24-33. На останатите средби, Младост и Пелистер одиграа без…