Млада велешанка со мотоцикл „хонда“ излетала од коловозот
Објавено на:
Млада велешанка со мотоцикл „хонда“ излетала од коловозот
Тешки повреди задобил денеска К.Ѓ. (21) од Велес, кога на улица „Академик Пенчо Давчев” во Велес, управувајќи мотоцикл „хонда” со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола, со мотоциклот излетала од коловозот и паднала, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.