Маж пронајден починат во домот, ќерката ја алармирала полицијата
Објавено на:
Маж пронајден починат во домот, ќерката ја алармирала полицијата
На 10.10.2026 во 16:45 часот во ОВР Кичево, А.Ј.(32) од Битола пријавила дека неколку дена не може да стапи во контакт со нејзиниот татко Л.Ѓ.(66) од Кичево. -Полициски службеници излегле на местото и во неговиот дом во Кичево го пронашле починат. На телото немало видливи траги на насилство, информира МВР. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.