Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
Објавено на:
Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
Повеќе од половина од македонските граѓани главно се задоволни од квалитетот на животот, покажува најновата анкета на Маркет Вижн спроведена на крајот од минатиот месец. Според неа, 57,5% од анкетираните одговориле позитивно на ова прашање. Од нив, нешто под 7% се многу задоволни од квалитетот на живот а нешто над 50% рекле дека се главно задоволни. Околу 41% од анкетираните не се здоволни од квалитетот на живот. Од нив околу 16,5% се воопшто незадоволни. Во врска со прославата на независноста…