Кисела Вода домаќин на одбележувањето на 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот и 102 години постоење на ФИДЕ
Објавено на:
Кисела Вода домаќин на одбележувањето на 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот и 102 години постоење на ФИДЕ
Предизвикот да се матираат докажаните шаховски мајстори денеска ги привлече љубителите на оваа игра во Паркот на шахот во Кисела Вода. Со шаховска симултанка на отворено, во организација на Шаховската Академија „Данчевски“, граѓаните го одбележаа 20 Јули - Меѓународниот ден на шахот. Присутните имаа уникатна можност да ги одмерат силите со врвните млади шахисти од Академијата: Олег Русевски, Кристијан Јордановски, Даниел Стефаноски и Дамјан Николовски, како и со Интернационалниот мајстор и…