КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил
Објавено на:
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 јули. Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и преподобен Теофил. Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по…