Невреме ги зафати Скопје и Куманово
Оваа сторија ја покриваат 2 извори:
Невреме ги зафати Скопје и Куманово
Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево ги зафати Скопје и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето, како што посочуваат од УХМР, се движи од северозапад кон југоисток.
Невреме ги зафати Скопје и Куманово, нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови, најави УХМР
Во моментов невреме со пороен дожд и грмежи има во Скопје и Куманово. До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи нестабилноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер. Ќе има услови за невреме со појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно […] Текстот Невреме ги зафати Скопје и Куманово, нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови, најави УХМР е превземен од МАКФАКС .