Марио Хезоња заминува од Реал Мадрид
Објавено на:
Марио Хезоња заминува од Реал Мадрид
Марио Хезоња е пред враќање во НБА , откако ја извести управата на клубот на Реал Мадрид дека ќе ја активира клаузулата во договорот што му овозможува да замине во најсилната кошаркарска лига во светот. Според информациите на медиумите од Шпанија самиот кошаркар ќе си ја плати откупната клаузула во висина од 875.000 долари за да стане слободен играч. 30-годишниот кошаркар сака повторно да се докаже во НБА , каде што претходно настапуваше за Орландо Меџик, Портланд Трејл Блејзерс и Њујорк Никс…