Пообилни врнежи: ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија
Оваа сторија ја покриваат 2 извори:
Пообилни врнежи: ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија. Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град. Текстот Пообилни врнежи: ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија е превземен од МАКФАКС .
Ново невреме доаѓа кон Македонија
Управата за хидрометеоролошки работи вечерва излезе со ново предупредување дека од ново невреме се движи кон Македонија од Албанија и Косово. „Невремето во Албанија и Косово во моментов се движи кон Македонија! Ова невреме можно е да биде со поизразени врнежи и услови за град!“, стои во објавата на УХМР на Фејсбук. Невреме денеска имаше во Куманово и Скопје, а вчера во Куманово, Дојран, Струмица и Делчево. фото УХМР