Невреме со силен ветар и во Штип
Објавено на:
Невреме со силен ветар и во Штип
Невреме со дожд и силен ветар го зафати и Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека досега се пристигнат околу десет пријави од страна на граѓани за паднати дрвја, сообраќајни знаци и лимови од кровни конструкции. Јорданов информира и дека екипите на штипските Јавни претпријатија и пожарникарите од ТППЕ-Штип се на терен и ги санираат штетите од невремето со дожд и силниот ветар. Пријави за паднати дрвја, како и на лимови од кровни конструкции има од повеќе населби и…