Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
Објавено на:
Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
Просечната нето-плата во земјава продолжува да расте и се доближува до 50 илјади денари. Според податоците на Државна статистика, во мај годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала нешто над 49.500 денари. Во споредба со истиот месец лани, просечната плата е повисока за 8,2 отсто. Најголем раст на платите има во секторите поврзани со одржувањето на јавните системи и услугите. Во снабдувањето со вода, управувањето со отпад и санацијата на животната средина платите пораснале…