Тетовец без возачка направил сообраќајка
Објавено на:
Тетовец без возачка направил сообраќајка
Вчеравечер во 19:55 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полицијата го уапсила Ѓ.С.(39) од Тетово. Претходно тој, иако без возачка дозвола, управувал автомобил „бмв“ со тетовски таблички и направил сообраќајка. Автомобилот е одземен, уапсениот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, сооопшти СВР Тетово.