Тетовец го нападнал татка си
Објавено на:
Тетовец го нападнал татка си
Во Тетово вчера попладнето бил уапсен тетовецот С.А.(33), откако овој бил пријавен од неговиот татко (58) дека три дена претходно, по кратка расправија, физички го нападнал. С.А. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.