Скопјанец уапсен за возење без дозвола
Објавено на:
Скопјанец уапсен за возење без дозвола
Доцна синоќа на раскрсницата меѓу улиците „Мексичка“ и „Љубљанска“ во Скопје, бил уапсен А.С.(30) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.С. нема положено возачки испит. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Скопје.