Малолетник (16) без дозвола се истумбал со „голф“
Објавено на:
Малолетник (16) без дозвола се истумбал со „голф“
Вчераутро во тетовско Јегуновце, полицијата уапсила малолетник (16) од селото Радуша. Претходно, тој без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски таблички и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, вели СВР Тетово.