Денес ги славиме Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите
Објавено на:
Денес ги славиме Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите
Во времето на свирепиот цар Ликиниј, којшто владееше со источниот дел на Византиското царство, имаше големо прогонство на христијаните. Во Никопол Ерменски на царскиот намесник Лисиј му се јави Свети Леонтиј со уште неколкумина пријатели и за себе му рекоа дека се христијани. „А каде е вашиот Христос?“, ги праша Лисиј. „Нели Го распнаа и умре?“ На ова му одговори Свети Леонтиој: „Кога знаеш дека нашиот Христос умре, знај дека и воскресна од мртвите и се вознесе на небото“. По долга препирка за…